УСЛУГИ

БАРАЊЕ ЗА ПРОЦЕНА (превземи)


БАРАЊЕ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ (превземи)


Вештачењата од областа на градежништвото заземаат широк спектар на градежно- архитектонски услуги. За изготвување на стручен Наод и Мислење поврзан со оваа област, потребна е достава на соодветна документација, која стручното вешто лици би ја употребило за темелно разрешување на настанатата ситуација.

Потребна документација за изготвување на вешт Наод и Мислење од областа на градежништвото и архитектурата:

  •           Договори за градба,
  •           Градежна книшка,
  •           Градежни дневници,
  •           Извештај од надлежен орган,
  •           Увид на лице место,
  •           Издадени дозволи,
  •           Издадени решенија,
  •           Проекти

Националната групација за судски вештачења(НГСВ) располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови поврзани со градежно- архитектонското работење.

Најчести барања за изготвување на Вешт Наод и Мислење од оваа област:

  •         Обем на изведени и неизведени работи, согласно договорот за градба,
  •         Штети настанати поради поплави, пожари...
  •         Спроведување на детални урбанистички планови

Медицинско вештачење

Вештачењата од областа на медицината опфаќаат широк спектар на науки и технологии кои треба да се испитаат за да се воспостават фактите на интерес, и да се одлучи во кој правец треба да го насочиме медицинското вештачење.

Поради широчината на медицината како наука, медицинските вештачења опфаќаат повеќе области.

Изготвувањето на стручен Наод  и Мислење од областа на медицината се базира на соодветна и уредно доставена документација. Основни документи за изготвување на вешт Наод и Мислење:

  •       Дијагноза за болеста,
  •       Лекарски извештај,
  •       Болничка историја на болеста,
  •       Отпусна листа
  •       Целокупната документација со која располага клиентот.

Националната групација за судски вештачења располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови во кои е потребно стручно мислење од медицински вештак.

Основни медицински вештачења кои биле изготвени од страна на Националната Групација за Судски Вештачења (НГСВ):

  •           Психијатриско
  •           Ортопедско
  •           Радиолошко
  •           Офтомолошко
  •           Неуропсихијатриско
  •           И сите други поврзани со разни области од медицината.

Електро- техничките вештачења подразбираат изготвување на вешт Наод и Мислење, каде се настанати штети од пожар, електроника, телекомуникациска и сигнална опрема.

За изготвување на вешт Наод и Мислење  од оваа област, потребната документација која треба да се достави до вештото лице зависи од видот на штета која е предизвикана.

Бидејќи најчестите вештачења од оваа област се поврзани со кражба на струја, потребна документација за овој тип на вештачење:

  •           Сметки од потрошена електрична енергија (2год. пред направената контрола)
  •           Договор со ЕВН (доколку постои)
  •           Потребен е увид на лице место
  •           Записник за НМ1 образец (содржи извештај што е најдено на лице место)
  •           Работни налози

Најчести видови на електро- технички вештачења:

  •           Пожари предизвикани од електрична енергија
  •           Дефекти на електро инсталации
  •           Изведени, неизведени и неквалитетни електро инсталации.

Графологијата претставува вештина или наука, преку која заклучоците за одредена личност се донесуваат врз основа на нејзиниот ракопис. Како што не постојат два исти отпечатоци од прст, таков е случајот и со ракописот. Ракописот е карактеристичен и единствен за секој поединец.

Судската графологија е признаена вештина на утврдување на идентитетот на личноста на основа на ракописот или проценување на неавтентичноста на некој потпис, а која се користи во судското вештачење и криминалистика.

Основна документација за изготвувањето на стручниот Наод и Мислење од областа на графологијата:

  •           10-15 потписи не постари од од 5-7 години ( најблиску до годината кога е напишана спорната содржина)
  •           Оргинална документација

Националната групација за судски вештачења (НГСВ) располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови поврзани со предмети во кои е вклучено графолошкото вештачење.

Најчести барања за графолошки вештачења:

  •           Потпис,
  •           Ракопис,
  •           Бришење и преправање на оргинална содржина (реституција),
  •           Печати (факсимили),
  •           Отпечатоци од печат.

Успешноста во вештачењето на една сообраќајна незгода зависи од квалитетот на влезните податоци, односно податоците кои се овозможени од страна на увидната екипа на МВР. Со нецелосни и нерелевантни податоци, вештакот нема да биде во можност објективно и квалитетно да ја реконструира сообраќајната незгода ако при нивна анализа не утврди постоење на материјални докази со чија обработка би била овозможена веродостојна и доверлива реконструкција и динамика на незгодата.

Изготвувањето на стручен Наод и Мислење од областа на сообраќајното вештачење, се базира на достава на соодветна документација. Основни документи за изготвување на вешт Наод и Мислење:

  •           Записник од МВР за увид на местото на незгодата (учесници во незгодата, податоци за патот и времето)
  •           Скица од местото на незгодата

Националната групација за судски вештачења (НГСВ) располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови поврзани со сообраќајни незгоди.

Вештачењата од областа на материјалното, сметководствено и финансиско работење имаат особено значење, бидејќи поголем дел од судските спорови, трговски, граѓански, стопански спорови имаат потреба од ваков тип на вештачење.

Изготвувањето на стручен наод и мислење, кој може многу да допринесе во понатамошниот спор на тужителот се изработува врз основа на научни и стручни методи, технички достигнувања, стручни знаења и искуства.Изготвувањето на стручен наод и мислење од областа на материјалното, сметководственото и финансиско работење се базира на документација приложена од страна и на тужителот и на тужениот. Основни документи за изготвување на вешт наод и мислење се:

  •  Договор,
  •  Фактури,
  •  Изводи од сметки
  •  сметководствена евиденција (аналитичка картица)

Националната групација за судски вештачења (НГСВ) располага со стручни и вешти лица, кои можат да помогнат за што побрзо и ефикасно решавање на спорови поврзани со материјалното, сметководствено и финансиско работење.

Најчести барања за изготвување на вешт Наод и Мислење:

  • Наплата на побарување, односно постоење на долг,
  • Надомест на штета (изгубена заработувачка по разни основи)
  • Побарувања од работен однос (неисплатени плати и придонеси од плати).
  • И сите други поврзани со финансиско и сметководтвено работење на трговските друштва, како и на спорови помеѓу физички и правни лица.

Машинството како наука се поврзува со конструирање, производство и користење на машини.

Вештачењата од областа на машинството најчесто се поврзуваат со утврдување на вредноста на машини и возила, товарни возила, автобуси, специјализирани возила, приколки и полуприколки како и други вештачења во зависност од потребите на клиентот.

Изготвувањето на стручен Наод и Мислење кој може да допринесе во понатамошниот спор на тужителот, зависи пред се од уредно доставена документација.

Основни документи, кои се потребни при изготвување на вештачење од областа на машинството:

  •           Фото документација
  •           Карактеристики на машината (тип на машина, возило, име....)

Најголем дел од овој тип на вештачења се поврзани со изготвување на вешт Наод и Мислење поврзан со висината на штета кај возилата, настаната во сообраќајна или друг вид на незгода.

Документација која е потребна за овој тип на вештачење:

  •           Записник од МВР,
  •           Записник од Осигурителната Компанија,
  •           Фото документација,
  •           Сообраќајна книшка.

Во изработка

Национална Групација за Судски Вештачења покрај наведените области, нуди услуга за изготвување на вештачења и од останатите области како што се:

  • Заштита на животна средина и екологија
  • Заштита на културно наследство
  • Сопственост
  • Технолошко инжинерство
  • Други области на судски вештачења