ЧПП

Супер вештачење e вештачење од повисок степен, односно стручно-критичка експертиза на две противречни вештачења кое може да  го врши тим составен од најмалку тројца вештаци од соодветната област од орган на државна управа, високообразовна установа, научна установа или стручна установа и друштво за вештачење во кое има вработено најмалку тројца вештаци од соодветната област.

Вештачење може да побара секоја заинтересирана странка односно секој кој има правен интерес или одредена правна работа која е во процедура пред судовите односно институциите. Вештачења најчесто бараат судовите, јавните обвинителства во Република Македонија, државните органи, јавните претпријатија, трговските друштва основани од државата, физичките и правните лица, други субјекти

Судски Вештачење може да има од следните области:  Материјално, сметководствено и финансиско работење, Медицина (психијатрија, невропсихијатрија, хирургија, гинекологија, кардиологија, ортопедија и други), Ветеринарство, Градежништво и архитектура, Електротехника, Информатички технологии, Машинство и сообраќај, Земјоделство, шумарство и водостопанство, Графологија, Геодезија, Рударство, Технолошко инженерство, Хемиско биолошко, Молекуларна биологија и генетика, Токсикологија и дроги, Балистика, Заштита на животната средина и екологијата, Заштита на културното наследство, Заштита на авторското право и други сродни права и права од интелектуална сопственост и Други области.

Под Вештачење се подразбира изготвување на стручен наод и мислење изработено врз основа на примена на научни и стручни методи, технички достигнувања, стручни знаења и искуства во областите што се дефинирани во сите случаи определени со закон или по барање на заинтересирано лице – нарачател.